Државите на Европската Унија донесоа одлука за забрана за увоз на овошје кое содржи меѓу останатите и траги од хлоропирифос, пестицид кој е многу штетен за здравјето на луѓето. Секое веќе везено овошје кое ќе го содржи овој пестицид, во било која земја членка, ќе биде повлечено од пазарите. Хлоропирифос претставува ефикасна заштита за над 50 посеви од голем број штеточни. Се употребува уште од 60-тите години на минатиот век. Земјоделците масовно го користат овој пестицид и тој е честа состојка во комерцијалните препарати кои се продаваат и кај нас и во регионот.
Многу податоци покажуваат дека хлоропирифосот има негативно влијание врз здравјето на децата, а доведува и до генетски оштетувања, стерилитет, па и канцер. Најчесто трагите од овој пестицид се наоѓаат кај јаболките.