Насловна / Ентериери / Отворено јубилејното 40 издание на Меѓународниот саем за мебел

Отворено јубилејното 40 издание на Меѓународниот саем за мебел

saem za mebel2014 porta3_14
Овогодинешниот Меѓународен саем за мебел е отворен за посетителите, со што сите заинтересирани во следниве неколку дена ќе можат да ги погледнат најновите трендови во производството на мебел. Покрај домашните изложувачи, на саемот се присутни и компании од Турција, Србија, Шведска, Хрватска, Италија и Словенија, односно, претставени се повеќе од 430 брендови од индустријата за мебел и тоа во вкупно девет хали на Скопскиот саем.

saem za mebel2014 porta3_18saem za mebel2014 porta3_01 saem za mebel2014 porta3_02 saem za mebel2014 porta3_03 saem za mebel2014 porta3_04 saem za mebel2014 porta3_05

На овогодинешниот саем за мебел, публиката има можност да ужива во најновите решенија за современо уредување на домот, дворот или работните канцеларии на македонските производители на мебел, кои покрај квалитетот, сè повеќе внесуваат идеи и свежина во дизајнот и иновацијата. Па така, саемот нуди интересни и оригинални ентериерни уредувања кои покрај мебел за домот, го трасираат трендот за модерни кујни, елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, а нуди и најнови технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за преработка на дрва.

Саемот за мебел вообичаено се карактеризира со најголем број учесници и посетители. Раст бележи присуството на домашни компании од 20 проценти, што според организаторот укажува дека оваа индустрија е во подем.

saem za mebel2014 porta3_06 saem za mebel2014 porta3_07 saem za mebel2014 porta3_08 saem za mebel2014 porta3_09 saem za mebel2014 porta3_10

Саемот официјално го отвори вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими .

Ова е јубилејно 40-то издание на Саемот за мебел. Според Дејан Кошутиќ извршен директор на ЕРА Сити, оваа саемска манифестација со текот на годините стана вистинска берза на оваа индустрија. Место, како што рече, за средба на производителите, трговците и купувачите од земјава, регионот и пошироко. Раздвиженоста во оваа гранка е видлива и на семот за мебел. Годинава за 20 проценти повеќе македонски компании се претставија.

„Да го направиме саемот за мебел главен настан на оваа гранка и пошироко“, вели Дејан Кошутиќ.

 

saem za mebel2014 porta3_11 saem za mebel2014 porta3_12 saem za mebel2014 porta3_13 saem za mebel2014 porta3_17 saem za mebel2014 porta3_19Од друга страна, според кластерот на дрвната индустрија процентот на сивата економија е речиси изедначен со регистрираните производители .

„Тоа што е произведено во Македонија половината е произведено на црно од фирми што не постојат“, изјави за домашните медиуми, Горан Божиновски претседател на кластерот на дрвна индустрија.saem za mebel2014 porta3_22 saem za mebel2014 porta3_21 saem za mebel2014 porta3_24 saem za mebel2014 porta3_23 saem za mebel2014 porta3_26 saem za mebel2014 porta3_25 saem za mebel2014 porta3_17 saem za mebel2014 porta3_03 saem za mebel2014 porta3_11 saem za mebel2014 porta3_04 saem za mebel2014 porta3_27 saem za mebel2014 porta3_33 saem za mebel2014 porta3_35 saem za mebel2014 porta3_37

Во рамки на саемот се одржува и изложба насловена „Сјајност“ – Living smart on a Swedish way, на реномираната  шведска авторка со српско потекло Александра Стратимировиќ. Изложбата нуди увид во современиот шведски дизајн на расветни тела од пет водечки компании. Целта е да се развие сорботка меѓу македонски и шведски компании од оваа индустрија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top