Насловна / Вести / Актерите ќе учат околу црковни објекти

Актерите ќе учат околу црковни објекти

crkovni-objekti_thumb.jpgВо околината на црквата
„Пресвета Богородица“ ќе се
гради објект на Академијата
за драмски уметности. Ова е
најзначајната новина што е внесена
во деталниот урбанистички план
за локалитетот, чии измени и
дополнувања беа усвоени од
Советот на општина Центар. Со
измените, една голема градежна
парцела се дели на две, при што
половината сега е наменета за
Академија на драмски уметности,
а втората половина останува
со истата намена – објект за
државна и локална управа.

Втората значајна новина
во планот е тоа што се
допрецизирани барањата на
Македонската православна црква
за утврдување на содржините
околу православниот комплекс
„Пресвета Богородица“. Зад храмот
е предвидена библиотеката на
МПЦ, во која ќе се чува хундусот
на нивните вредни книги, како
и црковни простории, односно
крстилница и простории за
богослужителите на црквата. На
просторот од предниот дел на
црквата, кон реката Вардар, ќе биде
седиштето на МПЦ и официјалната
резиденција на архиепископот
охридско-македонски.
„Во планот постојат два значајни
објекта за кои сега се воведува
режим на заштита. Тоа се
кафеаната „Стара македонска
куќа“ и една станбена куќа која
излегува на булеварот Крсте Петков
Мисирков. Сите објекти што ќе
се градат околу нив не смеат да
бидат високи“, вели планерот
Благоја Тагасовски од „Инпума“.
Сите згради предвидени со
овој план ќе бидат далеку од
реката, односно најблискиот
објект е на оддалеченост од
25 до 30 метри од кејот.
Според претходните решенија
во планот, познато е дека пред
самата црква ќе има плоштад
кој стига до реката, на кој ќе се
надоврзе пешачки мост. Благоја
Тагасовски вели дека идејата за
овој мост не е нова и дека таа се
сретнува во ДУП од 1965 година,
па наваму, како и во проектите на
аритектот Кензо Танге, но дека
таа досега не е реализирана.

crkovni-objekti.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top