Дизајнерското студио kaschkasch познато им е на љубителите на интересни концепти на расвета.
Креирале нова светилка која морате да ја допрете за да ја прилагодите. Со оглед на тоа дека живееме во ера во која се околу нас е дигитално, лесно е да се заборави колкава е важноста на човечкиот допир.
Дизајнирана за брендот Marset, bolita светилката има за цел враќање на чувството на допирот преку корисничка интеракција. Кога глобусот на светилката ќе се мрдне со рака, нејзината светлина се појачува или намалува.
Bolita светилката се состои од кружна база во која се наоѓа LED сијалица на централната оска, со стаклена сфера која имитира еклипса, додека се поместува преку површината на светлината. Наместо типичниот електричен процес на смалување на интензитетот на светлината, bolita ги прескокнува механичките елементи и од вас бара интеракција и топлина на допирот.