Еколошките организации од целиот Балкан се здружуваат во заеднички протест против загадувањето на воздухот.
Утре, граѓаните ќе излезат на улиците во Скопје, Приштина, Призрен, Подгорица, Сарајево, Белград и Бања Лука, истовремено во 18 часот во знак на солидарност на борбата за чист воздух.
Во Скопје, протестот ќе се одржи пред Министерството за животна средина.
„Време е да се обединиме заедно, како народ од сите држави, против одлуки и политики кои дозволуваат загадување на нашиот воздух, нашите деца и нашата иднина. За смогот граници не постојат, истото важи и за нас! Балканот бара чист воздух“, стои во најавата за настанот.