Насловна / Вести / До 2100 година коралните гребени ќе исчезнат

До 2100 година коралните гребени ќе исчезнат

Научните истражувања на универзитетот Маноа на Хаваи покажуваат дека 70 до 90 отсто од сите корални гребени ќе исчезнат во текот на следните 20 години. Причината, според студиите на научниците, се климатските промени, океаните се затоплуваат, морињата стануваат се повеќе кисели и загадени.

Климатските промени би можеле да ги убијат сите корални гребени на Земјата до 2100 година, покажало едно научно истражување. Откако ги проучувале океаните, научниците дошле до заклучок дека „до 2100 година нема да има ниту еден корален гребен“.

korali

„Шансите се прилично мрачни“, вели Рене Сетер, еден од научниците на универзитетот.

Активисти за животна средина и научници работат на обновување на коралните гребени, ги размножуваат во лаборатории и ги враќаат во море за да се обидат да ги оживеат гребените во изумирање.

Но, тоа можеби не е доволно, предупредуваат научниците.

korali1

Како дел од новата студија, беа создадени мапи на океанот со локации што ќе бидат најпогодни за реставрација на гребени, земајќи ги предвид факторите како што се киселоста на водата, температурата на морето, густината на човековите населби и интензитетот на употреба на земјиштето.

Повеќето делови од океанот, кои сега се населени со корали, нема да бидат погодни за нивниот живот до 2045 година и таа околина ќе се влоши до 2100 година, покажуваат научните модели на симулација.

Има само неколку места каде коралните гребени би можеле да бидат обновени до таа година.

Климатските промени се голем убиец, велат научниците. Загадувањето на човекот, иако е проблем, е само мал дел од голема закана.

“Напорите за чистење на брегот се големи и борбата против загадувањето е голема. Треба да продолжиме со тој напор“, рече Сетер и додаде дека борбата против климатските промени е она што навистина треба да го повикаме за да ги заштитиме коралите.

Уништувањето на гребенот ќе има погубни последици врз човештвото. Речиси една милијарда луѓе зависат од нив како главен извор на протеини, а коралните гребени исто така го штитат крајбрежниот појас и инфраструктурата, што значи дека нивното исчезнување би можело да ја загрози и безбедноста и одржливоста на крајбрежните населби.

Научниците бараат начин како да му објаснат на обичниот човек за брзината со која се затоплува океанот.

Испрати коментар

Scroll To Top