Организаторите на миланскиот саем за мебел Salone del Mobile разговараат како да реагираат поради појавата на коронавирусот во Италија, кој ги прекина настаните во модата и саемот за очила.
Dezeen пишува дека саемот кој е најголемо и најважно светско случување за мебел „се консултира со засегнатите страни и владата“ и во наредните денови ќе објават што се договориле. Оваа најава следува поради загриженоста од влијанието на вирусот на водечкиот деловен италијански град, Милано.
Вчера организаторите на MIDO, најголем светски настан за очила во светот, објавија дека го одложуваат настанот поради вирусот.
MIDO, требаше да се одржи од 29. февруари до 2. март на истиот саем каде се одржува Salone del Mobile.
Во меѓувреме, модниот дизајнер Giorgio Armani ја претстави својата ревија во празна соба, советувајќи ги гостите да не присуствуваат. Меѓутоа, освен ова, миланската недела на модата протече како и обично, минатата недела.
Confapi Matera, италијанска стопанска комора ги повика организаторите да го одложат Salone del Mobile, поради стравот од коронавирусот.
Трговското тело, кое ги претставува малите и средни претпријатија во регионот Матера, на југот на Италија, соопштило дека стравува дека одложувањето на саемот може да биде тежок удар за изложувачите, вклучувајќи ги локалните компании за мебел.
Salone del Mobile се одржува секој април и се смета за најважниот саем за трговија со мебел во светот. Оваа година саемот треба да се одржи од 21 до 24 април. Минатата година настанот го посетиле преку 380.000 посетители од над 181 земја. Од вкупно 2.418 изложувачи, 34 отсто биле од странство.