Насловна / Вести / Mакедонско решение за европски стандарди

Mакедонско решение за европски стандарди

saga-b_thumb.jpgПроектирање по европски
прописи на армирани
бетонски згради според
еврокодот EC2/EC8 и брза
анализа на конструкциите
ќе овозможи софтверското
решение IZIIS SAGA-B на
Институт за земјотресно
инженерство и инженерска
сеизмологија (ИЗИИС), кое беше
промовирано во Институтот.
Софтверот, според директорот
на ИЗИИС Михаил Гаревски, е
на ниво на водечките светски
софтвери, а неговата изработка
е особено важна за науката и за
градежништвото во Македонија.

Градежните инженери ќе можат
лесно, брзо и едноставно да ги
анализираат и најсложените
конструкции. Софтверот ќе
овозможи подобро проектирање
според европските прописи, кои
би требало што е можно побргу
да влезат во Македонија“, рече
Гаревски. Тој нагласи дека
софтверот може да се дотерува
по барање на проектантите,
а доколку инженерите имаат
нејаснотии ќе може да им
помогне тимот од ИЗИИС.
Понатамошниот тек на
презентацијата опфати
обраќање на двајца
професионалци кои се дел од
тимот на автори на овој софтвер:
проф. д-р Виктор Христовски и
м-р Емил Јанкуловски. Виктор
Христовски, раководител на
проектот за развој на софтвер
во ИЗИИС посочи дека тој
ги содржи регулативите
од евро кодовите 0 и 1 за
оптоварувања, еврокодот 2
за бетонски конструкции и
еврокодот 8 за конструкции
градени во земјотресно
подрачје.

Програмата е креирана така што ја олеснува работата
на искусните професионалци, додека
оние со помалку искуство со сигурност ги
води низ процесот на проектирање.
„SAGA-B (Structural Analysis General Approach
for Buildings) претставува комплетно решение од
неколку аспекти. Проектантите често користат
нелегален, односно пиратски софтвер, за кој
не можат да добијат поддршка за корисници.
Тоа е преголем ризик кога се зема предвид
сериозноста и цената на нивната работа“, вели
Емил Јанкуловски, поранешен вработен на
ИЗИИС, кој сега живее и работи во Австралија, а
исто така е и еден од авторите на софтверската
програма. Тој ја потенцираше корисничката
поддршка и комуникацијата како есенцијална
при примената на софтвер со професионална
намена. „Покрај тоа, SAGA-B е домашен производ,
со промотивна цена, конкурентен во однос
на имплементацијата на Еврокодовите 2 и 8,
модерен во поглед на графичкиот интерфејс
и лесен за користење“, нагласи Јанкуловски.

saga-b.jpg
„Таканаречениот Национален анекс на Еврокодот
претставува простор на отворени параметри кои
се оставени да се пополнат како национално
определени параметри. Тоа подразбира внес
на локални вредности и услови, како на пример
оптоварување од снег, оптоварување од ветар,
карта на сеизмички хазард и слично“, напомена
Христовски во текот на презентацијата.
Пред присутните беше презентирана работата
на софтверот, преку креирање замислен
модел, во три процеси: моделирање, анализа и
димензионирање.

Практично беа претставени
можностите на софтверот, повеќето основни
елементи на манипулација на моделот, покрај
моделирањето, генерирање на мрежа на конечни
елементи, идентификација и корекција на грешки,
решавање на објекти на еластична подлога,
пренесување на елементи од АutoCad како и
други алатки и опции со кои новиот софтвер
им ја олеснува работата на проектантите.

Во текот на дискусијата со присутните, беа
упатени голем број честитки и изјави на поддршка
за идејата за креирање вака комплексен, а
сепак приемчив софтвер, кој е македонски
производ. Притоа, беше одговорено подетално
на многу подробности за кои се интересираа
идните корисници на софтверот SAGA-B.

„Промотивната цена на софтверот изнесува 900
евра за инсталација. Наместо демо-верзија,
Институтот нуди шестчасовна обука за
користење, вклучена во цената, како и можност
за дополнителна обука во компанијата, по
потреба. Програмата не е конечена. Принципот
на кој сакаме да функционира е базиран на
постојана заемна соработка со корисниците, на
чии забелешки и потреби ќе биде надополнуван
и надградуван“, порача Јанкуловски.

saga-b-2.jpg
Леонида Пенка БАША

Испрати коментар

Scroll To Top