Насловна / Вести / Велика Британија инвестира 1,6 милијарди американски долари во суперкомпјутер

Велика Британија инвестира 1,6 милијарди американски долари во суперкомпјутер

Британската влада ќе инвестира 1,6 милијарди американски долари во, како што го нарекоа, најмоќниот суперкомпјутер на светот, за да можат да изготвуваат прецизни временски прогнози.

Новиот суперкомпјутер ќе го користи Националната служба за метеорологија за предвидување невреме, за избирање најприкладни подрачја за одбрана од поплави и предвидување глобални климатски промени, пренесува Хина. Ова ќе им овозможи на аеродромите подобро да ги предвидат временските услови, додека на енергетскиот сектор прецизните податоци ќе му користат за спречување на прекин на електрична енергија и осцилација на напонот.

Крајот на работата на суперкомпјутерот со кој сега располага метеоролошкиот завод предвидена е за крај на 2022. година. Во владата велат дека новиот суперкомпјутер, само во првата фаза ќе ги зголеми капацитетите за шест пати.

comp_resize

Испрати коментар

Scroll To Top