Редизајнираното студио од 27 m2 е сместено во Woolloomooloo, Sydney, и е проект на Nicholas Gurney. Проектот е вежба за докажување дека и во рамките на скромна и ниска цена може да се дојде до квалитетно решение. Микро апартманот нуди решение за домување на едно семејство во густи населени места со најбрзо демографско зголемување.
Палетата на црни нијанси, жолто и црвено се преземени од малиот фиктивен лик Мickey Mouse и се употребени да го обележи просторот. Тоа било и она што се барало бидејќи станот има навистина многу мали димензии за во него да се вдоми едно глувче.