За да ја намали емисијата на штетни гасови Велика Британија објави план за целосна забрана за продажба на автомобили со бензин и дизел мотори. Новата уредба на сила би требало да стапи до 2032 година.
Велика Британија до 2050 година планира да стане „земја без јаглерод“. Затоа, клучно е возилата со мотори со внатрешно согорување да се отстранат од улиците што е можно поскоро.
Иако првичниот план на британските власти беше воведување на оваа регулатива до 2040 година, премиерот Борис Џонсон реши да го забрза целиот процес и да го премести крајниот рок до 2032 година. Оваа забрана може да важи и за возила со хибридни мотори.
Британците не се единствените што донесуваат ваква одлука. Норвешка со децении планира сличен закон. Ирците исто така објавија дека ќе забранат продажба на мотори со внатрешно согорување до 2030 година.
Сепак, забраната за продажба на нови возила не значи дека сите бензински и дизел возила ќе исчезнат толку брзо од улиците. Според InsireEvs, откако ќе се воведе забраната, сопствениците нема да мора веднаш да ги менуваат своите возила, туку ќе можат да ги користат уште 10 до 15 години.