Насловна / Архитектура / Ин мемориам: Ивица Млаѓеновиќ

Ин мемориам: Ивица Млаѓеновиќ

Архитектот и теоретичар на архитектурата Ивица Млаѓеновиќ, почина на 12. февруари во 83-тата година од животот. Роден е 1937 година во Мостар. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград во 1960. година. Беше член на Здружението на ликовните уметници на применета уметност и дизајнери на Србија (ULUPUDS) од 1972. година. Работел со статус на слободен уметник од 1986, а 1988. година добива статус на истакнат уметник. Од 1987. година работи во свое ателје „Студио линија А“.

иввв_resize

Американскиот биографски институт (ABI) во 1998. година го вбројува во едицијата „Меѓународен именик на водечки личности“, а Меѓународниот биографски центар во Кембриџ (IBC) во 2002 го сврстува во првото светско издание на книгата „2000 угледни интелектуалци на 21. век“. Во 2004. IBC го предложил за своето издание: The Lifetime of Achievement One Hundred, 2005. година на покана на проф. Д-р Suh Ozkan, генералниот секретар на Наградата за архитектура „Ага Кан“ и висок функционер на Меѓународната унија на архитекти (UIA), во 2008. година е на листата Заслужни членови на Меѓународната заедница на архитекти (World Architecture Community), каде е заедно со 185 угледни светски архитекти.

ивица2_resize

Во кариерата најголемата преокупација на Млаѓеновиќ, била станбената архитектура, како на полето на проектирање и реализација на станбени објекти, така и концептуално, односно теоретско проучување на хабитологијата. Освоил повеќе награди на архитектонски конкурси во Сплит, Тузла, Нови Сад, Загреб, Белград, Суботица, Мадрид. Реализирал дваесетина станбени згради и 15 ентериера. Од реализирани објекти најмногу се истакнуваат станбена кула во Тузла (1964) и три станбени кули во Нови Сад (1971), куќата „ИМ-20“ на Белградскиот саем (1986). Проектирал два белградски типски киоска и дизајнирал мебел. Во 1991 во Белград реализирал два светски градителски потфати, станбената населба „Светски дом Голф 12“ (World Home Golf 12) и „Светски проект тукушто венчани“(World Project Just Married).

оив_resize

Особено се истакнува истакнува неговиот ангажман за Светскиот дом Голф 12 во Белград (1991-1994), во кој учествувал како иницијатор и селектор, собрал осум архитектонски светски имиња, меѓу кои се нашол и архитектот Александар Ѓокиќ. Идејниот концепт е иснпириран од станбената населба Вајсенхоф, кај Штудгарт во Германија, дело на Мис ван дер Рое и до сега не е надминат во регионот. Објектите се дело на осум архитекти од осум различни земји.

ивица3_resize

Млаѓеновиќ  е еден од најголемите јавни промотори на архитектурата. Тој е идеен творец, автор на концептот, селектор и дизајнер на десет Белгградски триеналиња на светска архитектура. „Белградско триенале на светска архитектура“,успешно го реализира во периодот од 1985. до 2015. година. Триеналето е изложувано ширум светот, во најзначајните градови на четири континенти.

Како теоретичар на архитектурата Ивица Млаѓеновиќ потпишува 23 книжевни изданија, меѓу кои се истакнуваат: „Архитектурата и нејзините приврзаници“, „50 угледни светски архитекти“, „55 истакнати архитекти на Југославија“ (каде се имињата и на наши архитекти како проф. Константиновски, арх. Раѓеновиќ и др.) и „Архитектура на трагата“.

Своето наследство, во вид на проекти, цртежи и публикации, архитектот Ивица Млаѓеновиќ во форма на легат го отстапил на Историскиот архив на Белград.

Испрати коментар

Scroll To Top