Кoмпанијата Airbus го претстави моделот за кој верува дека можеби ќе стане иднина на дизајнот на патничките авиони. Станува збор за моделот Maverick, кој е претставен на Сингапурскиот саем на авијацијата, а со новиот дизајн Airbus настојува да се спротистави на долгогодишната традиција, односно класичниот дизајн на трупот во облик на цевка. Моделот, кој е во почетна фаза на развој, прикажува нов концепт на дизајн кој личи на едно големо крило, а кој досега е применуван кај воените авиони. Airbus го започна овој проект во 2017 година, а ги започна испитувањата и тестирањата врз мал модел со далечинско управување во 2019 година. Иако изгледа како од некој научко фантастичен филм, авионите со дизајн како Maverick може да станат реалност. Со оглед дека авионот ќе биде многу поширок, внатрешноста на латалото ќе биде поинаку организирана, бидејќи ќе има поголем расположив простор.
„Во почетокот многумина го отфрлаа проектот Maverick, или го нарекувале хоби, односно со други зборови проект без голема полза за Airbus“, вели Адриен Берар, водачот на проектот. „Моравме да им докажеме дека грешат, и да покажеме дека можеме да пружиме доста солидна основа за идната конфигурација на авиони“ додава Берар.