Веќе десетта година по ред, инспирирано од чешкото национално натпреварување, се одржува изборот за „најсакано“ дрво во Европа. Тоа се бира врз основа на јавно гласање – а во конкуренција годинава се наоѓаат дрвја од 16 земји. Земјите учеснички ги бираат всоите претставници најчесто во годината која претходи на натпреварувањто, спроведувајќи анкета за заинтересираните граѓани.
Секоја година, па и оваа, гласањето почнува на 1ви февруари и трае до крајот намесецот. Целта е меѓу дрвјата кои се номинирани како национални победници да се пронајде тоа со најинтересна приказна, а притоа да се промовира неопходноста од зачувување на зелените капацитети. Прогласувањето на победникот и доделувањето на наградите обично се организира во втората половина на март во европскиот парламент во Брисел. Овогодишната церемонија ќе биде одржана на 17ти март.
Меѓу финалистите се пласираа:
- Дрво на слободата, Белгија;
- Достоинствен стар даб, Бугарија;
- Гинко од Дарувар, Хрватска;
- Чувар на поплавеното село, Чешка;
- Повеќевековна бука од Сен Жам, Франција;
- Дрво на слободата во Капошвар, Унгарија;
- Вештерска тиса, Ирска;
- Даб од Трикасо, Италија;
- Вештерско дрво, Холандија;
- Црн бозел, Полска;
- Костен од Валес, Португалија;
- Повеќевековна елка, Романија;
- Осамената топола, Русија;
- Стебло на оскоруша, Словачка;
- Триножен шпански даб, Шпанија;
- Алертонски даб, Велика Британија.
Ако сакате да дознаете од чии крошни лисјата паѓале врз борците во Втората светска војна, кој е Адам, и каква е неговата Ева, или пак каде се наоѓа вечното почивалиште на предводничката на злогласна разбојничка банда, посетете го следниот ЛИНК