Денес, во галеријата „Акантус“, со почеток во 20 часот ќе биде отворена групната изложба „На работ“ на уметниците Ана Трајковска, Ива Станкова, Илија Прокопиев и Доротеј Нешковски. Изложбата ќе биде отворена до 10 март.
Овие четири млади автори на оваа изложба ќе престават свои дела сите изработени во различни техники и формати. Нивните дела се изработени во масен пастел, графички отпечаток, цртежи, акрил, масло на платно и други. Навидум многу различни, но сепак доволно (не)компатибилни за да се направат една целина и да го прикажат уметничкиот израз за материјалната слика на работ.
Дијана Томиќ Радевска, куратор на оваа изложба ќе истакне: “Нивното искрено задоволство ќе се почувствува во предизвикот што го носи уметноста, возбудата од „лутањето“ (истражувањето)низ сопствениот јазик. Низ отворени структури и проблематики во исцрпените емотивни забелешки, односот на човек-град, човек-природа, човек-човек го оставаат отворен и целиот простор на работ на отворен запис кој може да се дополнува“.