Насловна / Архитектура / Поголем дел од станбените објекти не смееле да бидат изградени, вели британската анализа

Поголем дел од станбените објекти не смееле да бидат изградени, вели британската анализа

Според анализата која ја направил лондонскиот центар Bartlett School of Planning заклучок е дека огромен број нови станбени објекти со своите лоши проекти и нанесуваат штета на животната околина, како и на квалитетот на животот на населението.

За време на спроведување на студијата, проучени се 140 објекти ширум Англија, кои се изградени од 2007. година до денес. Резултатите покажале дека дури 20 отсто од изградените објекти требало да бидат одбиени од страна на органите за планирање и урбанизам, додека доплнителни 54 отсто, можат да добијат одобрение за градење откако ќе направат значителни промени во проектот.

eng1_resize

Како најчест идентификуван проблем се вишокот на бетонски површини, лошо планираните патишта и патеки, како и слабата организација на кантите за отпад и паркинг местата, пишува Architects Journal.

Доплнителна загриженост се и формите на станбените единици, тие често се стандардни типови, со многу мали и ретки обиди да се создаде нешто карактеристично и иновативно.

Како што се наведува во извештајот, голем проблем е и занемарување на енергетската ефикасност. Дури и кога објектите наводно ги исполнуваат енергетските услови, многу е голема разликата помеѓу проектираната енергетска ефикасност и вистинскиот учинок во домовите.

eng2

Како да се подигнат стандардите

Директорот на компанијата за заштита на руралната Англија, Tom Fyans, наведува дека Владата речиси цела деценија соучествувала во создавањето на катастрофалните станбени објекти и дека стандардите мора моментално да се подигнат.

Потпаролот на Министерството за становање, заедници и локална самоуправа одговорил: „Очекуваме дека градителите ќе се погрижат идните објекти да бидат добро испроектирани, а нашиот нов национален водич за проектирање покажува како можат убави места да се дпостигнат во праксата“.

Сепак, одбил да ги коментира наводите на извештајот кои потврдуваат дека лошо проектираните објекти добиле одобрение за градење.

Замислете какви резултати би се добиле доколку ваква анализа се направи во нашата земја!?

Испрати коментар

Scroll To Top