Отворен е нов локал во населба Аеродром, нов дом на тимот кој посветил повеќе од две децени на учење, истражување и слушање звук, за денес да успее да создаде врвен производ. Во нивните звучници и засилувачи се отелотворени науката и уметноста, а нивната уникатност ја надополнува рачната изработка и препознатливиот дизајн.
Македонски производ со премиум перформанси кој успешно чекори во High End аудио светот и за кој можеме да очекуваме дека сериозно ќе им се спротистави на реномираните светски брендови.
На самиот почеток на 2020 година, „Теохаров аудио“ ни овозможува одблиску да се запознаеме со нивните производи, но и со светските конкуренти, создаде дом за личната пасија во кој секој има можност да ужива во квалитетен звук.
„Аудиокултура“ е урбан простор кој ги исполнува највисоките стандарди за естетика и квалитет. На површина од 150 квадратни метри поставени се повисоки стандарди во светот на музиката и бескомпромисно претендира да инспирира промени на подолг рок. Концепт чија цел е да внесе што поголем број на луѓе во светот на квалитетниот звук. Брендовите како Teoharov, Focal, Rega, Scanspeak, Naim и Nomon, гарантираат максимално аудио, но и визуелно уживање.
„Аудиокултура“ е „линкот” кој му недостигаше на Скопје. Неколкуте суптилно распоредени места за седење, како и барот во склоп на просторот даваат уште поголема можност за непосредно негово доживување. Скопје конечно има простор во кој музиката соединува и простор кој нуди можност за совршено аудио доживување, едукација или пак едноставно за уживање.