„Главната управа на Европската Комисија за конкурентност е меѓу страните кои се известени за нивото на поддршка за секторот јаглен преку јавните фондови“, наведува Енергетската заедница во своето последно соопштение. Имено, Секретаријатот на Енергетската заедница откри дека им наложил на властите во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Украина, да и натаму ги проучат овие мерки во смисла на нивна ускладеност со правните придобивки кои се однесуваат на државната помош. Прелиминарната проценка произлегува од Студијата во која се следени и анализирани одделни „директни и скриени“ субвенции за јаглен кон рудниците и термоцентралите. „Забранета е било каква државна помош што ја нарушува конкуренцијата или и се заканува, која им удоволува на одредени акривности или фаворизира одредени енергетски ресурси. Поради тоа што државната помош може да ја наруши конкуренцијата и влијае на прекуграничното тргување со енергенти, контролираната помош која ја одобруваат јавните институции е од клучно значење за воспоставување на регионален енергетски пазар“ потенцира Секретаријатот.