Насловна / Вести / И бумбарите се жртви на климатските промени

И бумбарите се жртви на климатските промени

Врската меѓу климатските промени и брзото опаѓање на популацијата на бумбари во Европа и Северна Америка е нешто што ја потврдува и новата студија. Според канадските истражувачи, на некои видови на овие роднини на пчели им се заканува исчезнување заради зголемувањето на температурите.

bumbari

“Бројот на бумбари се намалува брзо во области каде што температурите се зголемени. Ако популацијата на бумбарите продолжи да опаѓа со оваа стапка, многу од овие видови за неколку децении би можеле да исчезнат засекогаш“, рече главниот автор на студијата Питер Сорој и докторски студент на Катедрата за биологија на Универзитетот во Отава, кој ги проучува ефектите од климатските промени и загубата на живеалиштата врз опрашувачите, особено бумбарите.

Резултатите од студијата објавени во списанието Science се многу загрижувачки, бидејќи бумбарите играат многу важна улога како опрашувачи.

bumbari1

Студијата користеше повеќе од половина милион податоци за набудувања на 66 видови на бумбари во Европа и Северна Америка, датирани од периодот 1901-1974 година. а потоа од 2000-2014 година. Истражувачите ги испитувале промените на населението со текот на времето и ја споредиле нивната географска дистрибуција и разновидност со просечното зголемување или намалување на температурата и врнежите.

Истражувачите заклучиле дека веројатноста за наоѓање локалитет населен со бумбари стана значително помала. Споредено со периодот 1900-1974 година, во Северна Америка бројот на неколку десетици видови на бумбари во текот на првите 15 години од 21 век се намали во просек за 46 проценти, односно 17 отсто во Европа.

“Можеме да очекуваме уште поголем пад на бројот на бумбари во области каде климатските промени повеќе не овозможуваат нивно преживување“, велат истражувачите.

Во последниве години, повеќе истражувања ја потенцираа заканата од истребување на широк спектар на животински видови, при што особено се загрозени инсектите опрашувачи. Скоро половина од сите видови на инсекти во светот опаѓаат, а една третина би можела да исчезне целосно до крајот на векот. Затоа, научниците предупредуваат на сериозните последици по безбедноста на храната, бидејќи три четвртини од нашите култури зависат од инсектите.

bumbari2

Главните двигатели на намалувањето на популацијата се смета дека се загубата на живеалиштата и употребата на пестициди, а според канадските истражувачи, нова закана – влијанието на климатските промени – има уште поголемо влијание врз изобилството на бумбари.

Истражувачите велат дека топлотните бранови се недвосмислен показател за глобалното затоплување и се очекува да бидат почести и интензивни. Покрај тоа, со глобалното затоплување, интензитетот и зачестеноста на сушите веројатно ќе се зголемат, дури и ако светот успее да ги ограничи температурите на + 1,5 ° C во однос на прединдустриското време,

Во согласност со очекувањата на канадските истражувачи, токму подрачјата најмногу погодени од глобалното затоплување покажаа најголем пад кај популацијата на бумбари, додека нивното население растеше во области каде што претходно беа премногу ладни за да напредуваат.

Наодите на студијата „сугерираат дека климатските промени предизвикаа посилен и пораспространет пад на бројот на бумбари и други инсекти отколку што се сметаше претходно“, заклучија канадските научници.

Испрати коментар

Scroll To Top