Насловна / Вести / Во Копенхаген ќе садат овошни дрвја во парковите

Во Копенхаген ќе садат овошни дрвја во парковите

Жителите, но и туристите, на главниот град на Данска наскоро ќе може да јадат јаболки, боровници, капини и сливи, и тоа бесплатно.

Nyhavn Harbour in Copenhagen Denmark

Во Копенхаген почнува садењето на овошни дрвја во парковите, покрај игралиштата и во близина на училиштата.

Целта на оваа иновативна идеја е подобрување на општото здравје на жителите кои на секој чекор ќе имаат бесплатна здрава ужинка, но и проширување на зелените површини.

Danska1

“Многу граѓани немаат своја градина и тешко можат да ги научат своите деца како да живеат со природата. Сакаме нашиот град да биде место за живот, а не непријателски простор околу кој мораме да кружиме за да најдеме место за паркинг“, објаснува Астри Алер, една од промотерките на оваа иницијатива.

Испрати коментар

Scroll To Top