Во центарот на градот Gournay-en-Bray блиску до Place d’Armes, штотуку се комплетираше проектот на AAVP Architecture, кој вдомува мултимдијална библиотека и разни културни активности. Новиот објект е изграден на местото на кое порано била фабриката Damau. „Работилницата“(која се референцира на старите работилници во фабриката) се соочува со главните предизвици:
– Изградба на современ објект на парцелата редефинирајќи ја релацијата со природното опкружување (градини, алеи, соседните ѕидови од камен) и соседните објекти (благородни стилови, традиционални куќи, објекти со силен карактер).
– Спроведување на нова структура која ќе биде во релација со постоечките објекти со тоа што ќе ги кадрира погледите од главниот и секундарниот влез.