Висока 27 катови и вредна две милијарди американски долари, Антилија е неверојатен дом изграден за најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани и неговото четиричлено семејство. Сместен е во јужниот дел на Мумбаи, во една од најскапите населби во светот.
Наречен по митскиот остров во Атлантскиот Океан, Антилија е со причина наредена со титулите на најголема и најскапа приватна куќа во светот затоа што опфаќа 37.161 квадратни метри корисен простор на 27 спрата.
Оваа неверојатна зграда е дизајнирана од наградуваната архитектура фирма Перкинс и Вил, со седиште во Чикаго, додека изведувач беше Лејтон холдингс со седиште во Австралија. Куќатае дизајнирана да издржи земјотрес од осум степени според Рихтеровата скала, а градежните работи на куќата беа завршени во 2010 година.
Сместено на една од најскапите адреси во светот – улицата Алтамунт, куќата на Мукеш Амбани вреди скоро две милијарди долари, а само Бакингамската палата е поскапа.
Куќата е висока 167 метри и се карактеризира со многу необична форма. Она што е поинакво од стандардниот солитер е големата висина на катовите, што е двојно поголема од висината во станбените згради, така што наместо 60 ката што е просечен број во згради од таа висина, куќата има „само“ 27. На покривот на куќата има хелиодром за да може да слетаат дури три хеликоптери, а просториите за контрола на летот се еден кат подолу.
Потоа е главниот станбен дел од куќата, а под него се катовите за членовите на семејството. Куќата располага и со базен, спа, кино со 50 места, отворени градини, а има и апартмани за гости.
На дното на зградата се наоѓа шесткатна гаража во која може да се сместат повеќе од 200 автомобили, а скоро 170 места се резервирани за приватната колекција на семејството Амбани.
За одржување на оваа куќа на дневна основа вработени се 600 лица.