Било потребно повеќе од седум години за реализација на изградбата на Hansol Museum во Кореја, проект на Tadao Ando. Во непосредна близина на Oak Valley Resort во провинцијата Gangwon, ограничена од 250 хектари заштитена шума, оваа културна институција се наоѓа на врвот на една планина (275 m надморска висина).
Нејзината смирена архитектура се вклопува со огромниот зелен пејзаж кој ја опкружува. По влегувањето во експанзивните 70.000 m2 на местото, од една страна ве пречекува цветна градина каде се насадени стотина илјади црвени цветови, кои се комлементираат со огромната црвена скулптура на Mark Di Suvero.