Samsung се труди со технологија што повеќе да го олесни животот на потрошувачите.
Последниот производ на брендот е AirDresser, а многу луѓе овој произвот ќе го окарактеризираат како бајка, со оглед на тоа колку го олеснува животот.
Вашиот стар гардеробер ќе се чувствува посрамено во споредба со оваа технологија на ормар, која користи smart steamer за да ја испегла гардеробата без напор, заедно со системите JetSteam и Jet Air.
AirDresser потсетува на паметен и луксузен фрижидер, кој се спротиставува на сите традиционални норми на перење веш. Без бука и прашок, овој гардеробер ја прави вашата облека чиста и добро испеглана. Samsung тврди дека овој уред е толку тивок, па така можете да го сместите во спалната соба.
Волшебниот гардеробоер го сочинува триото: Air Handers, Jet Air sistem која ја напалува и отстранува прашината, како и JetSteam, кој убива бактерии, вируси и алергии.
За оние кои се грижат дали ќе се чувствува мирисот на храна и цигари, AirDresser е опремен да ги намали сите мириси со дезодорансен. AirDresser не бара посебно одржување, туку има сопствен систем на прочистување. Ќе биде пуштен во продажба од овој април, со почетна цена од 1.400 долари.