Насловна / Вести / Србија ќе го трансформира своето eлектростопанство во АД

Србија ќе го трансформира своето eлектростопанство во АД

Граѓаните би можеле да добијат 15% од јавното претпријатие „Електропривреда Србије“ (ЕПС), бидејќи владата во Белград планира да ги реорганизира во акционерско друштво. Во своето писмо за намери, го известува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за оваа трансформација со поддршка на Европската банка за обнова и развој. Овој потег отвора можности за котирање на берза како и продажба на удели.  Владата на Србија навела дека до јуни ќе ја заврши анализата нa тарифите за електрична енергија, со цел да овозможи „опоравување на трошоците“ вклучувајќи ги и оние на име зголемување на користењето на обновливи извори на енергија. Следниот чекор ќе биде тендер за проценка на имотот.  Од брокерската и консултантска куќа Momentum Securities тврдат дека интеграцијата на големите компании и излегувањето на берза водат кон поефикасна контрола и поправање на учинокот. Тие посебно ја истакнуваат ранливоста на компаниите во државна сопственост, поради мешањето на политичките партии во нивното работење. Сепак, тие уверуваат дека трансформацијата во АД сама по себе не значи ништо. Укажуваат на еквивалентната промена низ која има поминато „Телеком Србија“ и велат дека малцинските акционери, кои имаат вкупно 30% и натаму немаат никакво влијание.

Од последните децении на минатиот век, граѓаните на Србија во повеќе наврати имаат добивано акции од продажбата на државните компании. Меѓу останатото, државата му продаде мнозински пакет акции од NIS на руски „Газпром“.

Претходно, фискалниот совет предупреди дека ЕПС мора да вложи 800 милиони евра до 2025 година во заштитата на животната средина. Притоа, оваа компанија е критикувана поради своето доминатно на јаглен базирано производство на електрична енергија, тврдејќи дека е најголем загадувач во земјата и еден од најголемите во Европа.

eps2

eps3

 

Испрати коментар

Scroll To Top