Насловна / Вести / Volfswagen го претстави новиот моќен електричен концепт Golf eR1

Volfswagen го претстави новиот моќен електричен концепт Golf eR1

Компанијата Volfswagen (VW) го претстави концептот на е-перформанси на моделот Golf R, познат и како Golf еR1, и тоа на Ice Race GP  во Австрија.  Автомобилот ја покажа својата моќност на со снег прекриената патека. Тој има целосно електричен погон на сите четири тркала, а базиран е на претходната генерација на моделот Golf. Се чини дека станува збор за целосно тркачки автомобил сличен на Golf GTI TCR со истакнат преден сплитер и голем страничен спојлер. Според зборовите на шефот на VW R одделот, eR1 не е направен според тркачките спецификации, ниту пак е наменет за трки, туку с екористи за собирање на искуства за електричните автомобили со високи перформанси, забава и демонстрација на технологии. Погонот би можел да биде поврзан со ID.R тркачки автомобил, бидејќи концептот го задвижуваат два електрични мотори кои заедно испорачуваат мочност од 671 hp. VW планира лансирање на нови модели на електрични автомобили со високи перформанси во не така далечна иднина. Еден од моделите би можел да биде R верзијата на електричниот ID.3.

golf1

golf2

????????????????

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top