Фудбалскиот тим од Miami Edison High School ќе ужива во игрите на новиот одржлив фудбалски терен. Тоа задоволство им е овозможено од страна на компанијата за спортска опрема „Адидас“ која го изгради теренот со употреба на 1,8 милиони пластични шишиња. Станува збор за пластичен отпад изваден од блиските плажи, островите и од самиот океан. Освен неспорните еколошки предности, теренот се одликува со извонредни перформанси поволни за играчите но и за нивната заштита при пад или лизгање.
Со овој потег се испраќа силна порака на спортистите кои ќе го користат овој терен. „Ние веруваме дека низ спортот имаме моќ да ги менуваме нашите животи, а овој терен е демонстрација на нашата акција во оставрувањето на тоа верување“ рекол директорот на компанијата „Адидас“ за Северна Америка.