СкопјеЛаб ги поканува сите архитекти, пејсажни дизајнери, градежници, инженери студенти и граѓани да се пријават на четиридневната работилница „Редизајн на јавни површини Скопје 2.0“ најдоцна до 10 февруари. Целта на оваа иницијатива е да помогне во озеленување на јавниот простор и негово дизајнирање согласно потребите на граѓаните.
После успешната реализација на првиот циклус работилници – Редизајн на јавни површини 1.0, СкопјеЛаб го отвори повикот за учесници на вториот циклус работилници, овојпат со нови локации на кои им се потребни вашата креативност и вештини!
Идентификуваните локации на кои ќе се работи се краевите на слепите улички кои гледаат на Бул. Илинден, како и дел од ул. Наум Наумовски Борче, кој ќе се прошири во тротоар и дел од паркингот од спротива ќе се озелени.
Овие површини во моментов се во незавидни услови или се со нецелосно искористен потенцијал. Со оглед дека локациите се наоѓаат непосредно до булевар со голема фрекфенција на возила, озеленувањето на просторот ќе биде клучен елемент во новите дизајни.
Кога и каде?
Работилницата ќе се одржи во просториите на Skopje Urban Living Lab (Скопската жива градска лабораторија), во викендите:
- 15 – 16ти февруари
- 22 – 23ти февруари
Пријавете се со пополнување на следната форма: https://bit.ly/36EgAvJ
Учество ќе можат да земат 18 учесници, кои поделени во 3 групи, ќе работат на одредени локации под водство на посветен ментор кои ќе им помагаат во процесот.
Како резултат од работилницата ќе се изработат концепт дизајн проекти за овие простори, кои ќе бидат водилка за нивно идно уредување од страна на градот Скопје и општините.
Повеќе информации за повикот можете да најдете на: https://www.skopjelab.mk/povik-za-uchesnitsi-na-rabotilnitsa-redizajn-na-javni-povrshini-skopje-2-0/
Линк до официјалниот фејсбук настан: https://www.facebook.com/events/2574198702861081/
Работилницата е бесплатна, работен јазик на работилницата е македонски.
Активноста е организирана од Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје со поддршка од Скопската жива градска лабораторија (Skopje Urban Living Lab) и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK).
За СкопјеЛаб — Центар за иновации на Град Скопје
СкопјеЛаб е Центар за иновации на Град Скопје кој работи на изнаоѓање на иновативни начини за решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочува Градот. Работи како посредник меѓу граѓаните, академските институции, компаниите, секторите и одделенијата на градот, општините и граѓанските организации со цел ко-креирање на заедничка вредност, брзо прототипирање и/или проверка и селекција на иновативни решенија. – https://www.skopjelab.mk/