Насловна / Архитектура / Во 2019 година се изградени најмногу облакодери

Во 2019 година се изградени најмногу облакодери

Станбените и деловните згради продолжуваат да се градат, а измината година во тоа предводи. Во 2019 година изградени се најмногу облакодери досега, така покажуваат податоците кои ги има објавено Советот за високи згради и урбано живеалиште (Council on Tall Buildings and Urban Habitat) со седиште во Чикаго.

oblakoder

Податоците од Советот покажуваат дека во светот се изградени дури 26 супервисоки облакодери, а највисокиот се наоѓа во Тијанџин во Кина. Облакодерот е висок 530 метри и се состои од 97 катови. Со неговата изградба е почнато во 2013 година, а довршен е лани. Тоа е воедно седми највисок облакодер во светот заедно со кинескиот CTF финансиски центар.

Бројот од 26 новоизградени облакодери воедно го има урнато рекордот од 2018 година кој изнесувал „само“ 18 супервисоки згради. Облакодерот кој го држи второто место на листата на највисоки згради довршени во 2019 година е Lakhta центарот во Русија кој е со висина од 462 метри и воедно е највисока зграда во Европа.

Највисоките облакодери во 2019 година се изградени во Кина. САД се на второто место со 14 облакодери над 200 метри, а потоа следува Индија со седум високи згради.

Испрати коментар

Scroll To Top