Новиот закон кој неодамна е предложен во Бритaнија, ќе го забрани односно ограничи извозот на пластичниот отпад во земјите во развој. Предлогот е веќе претставен во Британскиот парламент и целта е да се заштитат економски послабите земји од опасноста да се претворат во депонии. Според податоците од минатата година, с еистакнува дека околу 356.000 тони пластичен отпад е испратено од Велика Британија во земјите во развој, само во текот на 2018 година. Дури и земји кои не се во развој, како на пример Турција и Полска, сепак се домаќини на отпадот кој стигнува од Британија.
Секако, огромен проблем за животната средина се зканува по земјите во кои завршува голема количина отпад. Во нацртот на овој закон е пропишано дека компаниите кои произведуваат пластична амбалажа мора да превземат поголема одговорност за стоката која ја пласираат на пазарот. Воедно, многумина сметаат дека со овој закон треба да се определат и мерки за намалување на производството на пластички производи. Законот подразбира и обврзувачки цели за намалување на загадувањето на воздухот, како и мерки со кои ќе се подобри квалитетот на воздухот и водата.
Многумина се надеваат дека со спроведување на овие мерки ќе се намали првенствено генерирањето на пластичен отпад во Британија, а со забраната за транспорт односно извоз ќе бидат заштитени и другите земји, кои исто така треба да превземат иницијативи во борбата против загадувањето со пластичен отпад.