Седум дизајнери се посветија на високо обновливи и расположливи природни ресурси кои во изобилство се присутни во природата. Тие развиваат и обликуваат нов дизајн за иднината, повикувајќи се на важноста на одржливоста.
Дизајнерот Takuya Hamajima од Јапонија користи песок-камен од дворот на неговата куќа за да го креира седиштето на неговата У-столица, и природен процес на ‘рѓосување за да ја креира рамката.
Sunsill е иновативно решение за пренасочување на сончевата светлина во затворен простор така што ја намалува зависноста од електрична енергија. Овој продукт е на лондонскиот дизајнер Lucy Norman.
Luffa акустичните плочи на Mauricio Affonso, се направени од растението luffa, користејќи ја големата апсорбирачка природа на овошјето за да создаде акустичен изолатор како и апсорбер на токсична боја и отпад од процесот на производство на тексас.
Заедно овие смели и многу експериментални дела креираат интелигентна слика и оптимистички пристап кон одржливиот дизајн.