Насловна / Вести / Кина го ограничи играњето на видеоигри

Кина го ограничи играњето на видеоигри

Кинеските тинејџери веќе нема да кможат да поминуваат непроспиени ноќи играјќи онлајн видеоигри и преживувајќи на засладени сокови и грицки, бидејќи владата тоа им го забрани.

Проблеми

Владата на Кина им ја ограничила и сумата на пари која смеат да ја потрошат на gaming профилите. Играчите кои имаат од осум до 16 години смеат месечно да потрошат до 400 јуани (околу 1500 денари). Кина е втор најголем пазар на видеоигри на светот, веднаш после САД, пренесува ВСС. Меѓутоа, нивната влада со години предупредува за негативните ефекти што ги имаат видеоигрите врз децата и развојот на нивните мозоци.

kina2_resize

Минатата година како виновникот за се поголема кратковидост на децата го нашле токму во видоигрите. Потоа, тие го прекинале развојот на сите нови видео игри, го ограничиле времето за играње и создадоале систем на ограничување на возраста. Овие мерки траеа точно девет месеци, по што надлежните одлучија да ги укинат. Имено, голем проблем претставувало што сите компании не се придржувале кон овие мерки и конечно и нанесоа и тежок удар на инаку профитабилната кинеска индустрија.

Сега владата одлучила да воведе мерки на сите постоечки онлајн платформи и директно ќе ги надгледува извршувањата. Компаниите ќе соработуваат со владата и ќе можат да ги споредат идентитетот и возраста на секој корисник со постоечките владини податоци. Имено, услов за да се играат видеоигри во Кина е предходно да се дадат личние податоци.

kina_resize

Кина има околу 800 милиони активни корисници на интернет, а 29 милиони помали од 10 години. Скоро 70 отсто од децата имаат свои паметни телефони, а половина од децата на возраст помеѓу седум и девет години имаат пристап на интернет. Според последните податоци, 14 отосто од малолетниците, односно околу 33 милиони помлади од 18 години, се сметаат за зависници од интернет.

kina3_resize

Носат пелени

Многу од нив поминуваат повеќе од 17 часа онлајн, а за да не мора да одат во тоалет, носат пелени. Кина е првата земја која признала дека зависноста од интернет е пореметување, уште во 2008. година. Од тогаш во делови на земјата се отвараат кампови каде што децата се лечат од зависност од интернет и видеоигри. Минатата година Светската здравствена организација, зависноста од играње видеоигри ја прогласила за ментално пореметување.

Испрати коментар

Scroll To Top