Насловна / Вести / Кружна населба „град-градина“ на периферијата на Копенхаген

Кружна населба „град-градина“ на периферијата на Копенхаген

На периферијата на Копенхаген се протега една мошне необична глетка, која во ерата на се поголема урбанизацијата е вистинска мелем за очи. Brondby Haveby е составен од низи на куќи организирани во совршени кругови и опкружени со бујно зеленило, кое им дава приватност на жителите на „град-градина“.

2_resize

Сцената која делува како да е од друга планета ја забележал фотографот Henry Do, a неговите снимки од оваа бајковита населба, позната и како Brondby Garden City, го обиколија светот.

„За време на посетата на Копенхаген во Данска, наидов на нешто што личи на цивилизација на вонземјани. На мое изненадување, ова е само мал дел на она што се нарекува „градинарска колонија“, простор за градина кој данските граѓани можат да го изнајмат за да одгледуваат растенија. Ако живеете во град јасно е дека просторот е ограничен, па така ова е совршен начин да имате своја градина и да и се вратите на приородата“, вели  Do.

3_resize

Населбата се состои од 26  кружни градини, изградене уште во 60-тите години, а секоја од нив е поделена на шеснаестини и ја сочинуваат 16 приватни плацеви. Вкупно 284 куќи претставуваат мирно место за да се избега од градската бука и загадување.

1_resize

„Додека се возите со кола,  Brondby личи на други зелени населби. Дури откако го користев дронот и го подигнав во воздух, мојата перспектива се промени. Погледот на ова место од воздух е воодушевувачки“, открива фотографот.

Идејата за „ град-градина“ е одобрена во 1964. година кога општината Brondby одлучила да додели простор на граѓани заинтересирани да го искусат животот во природа.

4_resize

Тогаш, Erik Mygind, пејзажен архитект дошол на идеја да креира нетипична форма на населба инспирирана од изгледот на скандинавските села од 19. век, а се со цел за подобро поврзување и интеракција помеѓу жителите.

На сопствениците име е дозволено да живеат шест месеци годишно во кружниот рај, од април до октомври, за да се грижат за своите градини. Централниот дел на кружната градина наменет е за паркинг и место за собирање на жителите на ова кружно зелено градче, каде често се организираат и разни општествени активности.

Испрати коментар

Scroll To Top