Насловна / Вести / „Водовод и канализација“ ќе печати сметки на рециклирана хартија

„Водовод и канализација“ ќе печати сметки на рециклирана хартија

ЈП „Водовод и канализација“ ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија. Директорот на претпријатието Душко Весковски, вели дека станува збор за околу 210 илјади сметки кои месечно се испорачуваат до корисниците, односно 2,5 милиони сметки кои се потенцијален отпад на годишно ниво.

“Освен заложбите за реализација на капитални проекти, ЈП Водовод и канализација – Скопје работи и на воспоставување на една поинаква пракса и се надеваме позитивен пример за сите“, нагласува Весковски, додавајќи дека праксата за употреба на рециклираната хартија за внатрешна и надворешна употреба е почната минатата година.

smetka

Бенефитот од замената на хартија произведена од дрво со користењето на рециклирана хартија значи заштеда од 60 отсто на енергија и намалување на потрошувачката на вода за 15 отсто. Превземајќи го овој чекор и со воведување на интернационалниот стандард ISO 14001, ЈП „Водовод и канализација“ станува „Environmentally friendly“, а тоа значи претпријатие кое ги исполнува Европските стандарди за заштита на животната средина.

Освен стандардниот начин на добивање и плаќање на сметките, корисниците имаат можност да ги користат и online услугите достапни на web страната: www.vodovod-skopje.com.mk, каде имаат можност да добијат електронска сметка и истата да ја платат преку опцијата плати брзо или како регистриран електронски корисник.

Весковски додава и дека дека ЈП „Водовод и канализација“ почнува соработка со Пакомак, како партнер во борбата за подигнување на свеста на граѓаните за значењето на рециклирањето, заштитата, правилната употреба и користење на водните ресурси, имајќи ги предвид климатските промени кои делуваат на секој сегмент во животната средина.

Испрати коментар

Scroll To Top