Pondi Design Studio од Хонг Конг осмислило серија од пет модуларни саксии за затворен простор, со пет различни димензии и чисти линии, поради што лесно се вклопуваат во било кој простор.
Овие plug-and-grow го добиле името MOJU, по јапонскиот збор mojura, што во превод значи модуларно. Формата на саксиите е инспирирана од традиционалните јапонски садови за листови чај, chazutsu, за да се нагласи врската помеѓу производите, корисниците на природата и опкружувањето.
Секоја саксија се состои од два дела – база која ја задржува водата и одвоен сад за земјата и растението.
Базата која ја задржува водата е иста за секоја саксија, а дизајнирана е на начин на растението да му овозможува оптимална влага.
Горните делови изгледаат како чинија и можат да се менуваат во склад со големината на растението и личните потреби. Горниот сад е направен од црн, рециклиран поликарбонат, додека базата е направена од лиен алуминиум.
Колексијата MOJU има префинет изглед, благодарение на својата црна и сребрена комбинација на бои.