Екипи од Град Скопје почнаа со расчистување на депонијата крај реката Лепенец во општина Ѓорче Петров.
“Оваа стара дива депонија има големина колку 15 фудбалски игралишта. Град Скопје почна со расчистување на оваа депонија, а со враќањето на Дрисла под градот се дава можност просторот кај депонијата да биде зазеленет и отворен за користење“, велат од Градот.