Насловна / Арт и дизајн / Филмот „Драга кошарка“ на оскаровецот Коби (видео)

Филмот „Драга кошарка“ на оскаровецот Коби (видео)

Секој кој ја сака кошарката Коби Брајант му одбележал дел од животот. Трагичната вест за хеликоптерската несреќа во која загина Коби, неговата 13-годишна ќерка и уште седум луѓе го потресе светот и остави милиони луѓе во неверување дека е вистина.

Голем пред се човек, голема звезда и легенда која чекореше низ животот како ништо да не може да му се случи, со самодоврба каква ретко се гледа. Таквите како Коби  умираат во длабока старост, така бар би требало да биде, но животот е кучка, а легендата за него е вечна.

Беше инспирација за многумина, но не само во спортска смисла, туку и во онаа животна, дека секој ден треба да направиш нешто за себе, но и за другите. На прашањето која е тајната на големините како него, одговараше: „Опсесивност, човеку, ние сме опсесивни“.

За неговите кошаркарски успеси се знае скоро се, но можеби не знаат сите дека „Црната Мамба“ е оскаровец.коби_resize

По 20-годишна кариера со Лејкерси и пет НБА прстени, Брајант е добитник на Оскар за најдобар краткометражен анимиран филм за 2018 година.  Тој во соработка со ценетиот аниматор Глен Каен, познат по класиците на Дизни е продуцент и сценарист на анимираниот филм „Драга кошарка“.

Но сепак Коби е кошаркар во срж. Изјавил дека подобро се чувствувал кога освоил НБА титула отколку Оскар за филмот. „Подобро се чувствував кога ја освојував НБА лигата, да бидам искрен со вас. Се колнам дека да“, изјавил Брајант на новинарите после церемонијата во Лос Анџелес. И со неговата насмевка од милион долари, бил најголема ѕвезда на вечерта.

kobi1_resize

Летај Коби на некое подобро место заедно со својата ќерка, но ќе живееш преку своите обожаватели и секое дете на светот кое почнува да се занимава со кошарка.

Испрати коментар

Scroll To Top