Насловна / Вести / Европски „Зелен договор“ со Град Виена

Европски „Зелен договор“ со Град Виена

Во желба да ја продлабочат соработката на полето на сузбивање на климатските промени, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Градот Виена, потпишале во австриската престолнина декларација за климатско партнерство. Потпишаната спогодба подразбира финансиска поддршка од страна на ЕИБ за идните проекти на Град Виена во областите на домувањето, отпадот и мобилноста, но со посебен осврт на заштитата на климата. Ова е прва спогодба з апартнерство на ЕИБ со една европска метропола. И порано ЕИБ и Град Виена реализирале повеќе проекти за заштита на животната средина, во износ од вкупно една милијарда евра.

ЕИБ или климатската банка на Европската унија, сака масовно да ги прошири своите напори во борбата против климатските промени. Предвидениот буџет за 2020 изнесува една милијарда евра.

eibvienna1

eibvienna2

eibvienna3

Испрати коментар

Scroll To Top