Градот Сеул неодамна објави уште еден еко-ориентиран урбанистички проект кој ќе биде воден од идејата за познатата холандска архитектонска фирма MVRDV. Проектот, наречен „The Weaves“, се планира целосно да ја трансформира урбаната област по должината на реката Хан, во која во моментот доминираат бетонот, во урбана оаза пријателска за пешаците со многу зелена површина. Најинтересен и предизвикувачки дел од проектот ќе биде пешачкиот мост што ги поврзува округот Гангнам и Олимпискиот парк, преку серија испреплетени бели патеки.
Владата на Сеул го објасни својот избор на проектот на MVRDV на натпреварот, опишувајќи го нивното решение како „голем баланс помеѓу екологијата и креативната програма“.
Новиот проект ќе го трансформира едно километарскиот дел од реката.
“Централниот концепт на „The Weaves“ е три испреплетени аспекти: природниот екосистем, пешачкиот пристап и елементите на јавниот простор каде што може да се случат разни активности“, велат архитектите на MVRDV.
Овој трислоен план, како прва фаза, вклучува обновување на реката и водата во поприродна состојба, што значи промена на рамниот речен тек, опкружен со зелени брегови исполнети со вегетација.
Втората фаза вклучува развој на мрежа на испреплетени патеки. Системот е инспириран од сложени свилени нишки како повикување на историјата на производство на свила.
Третата фаза на дизајнирање е организирање на програми за јавни паркови, што вклучува формирање на видиковци, амфитеатар, како и простори за кафулиња и слични објекти.
Разгледувана е и можноста за дополнително брендирање на градот, па можеби зборот Сеул ќе биде напишан преку мрежниот систем за патеки.
Изградбата се очекува да почне во текот на 2021 година, додека завршувањето е предвидено за 2024 година.