Насловна / Архитектура / Бетонска куќа отпорна на земјотреси

Бетонска куќа отпорна на земјотреси

Во швајцарското подрачје на Гримисуат, изградена е модерна куќа на стрмна падина што бараше силен потпорен ѕид подигнат покрај околниот овоштарник. Сепак, оваа област во кантонот Вале е позната по честите сеизмички активности. Швајцарската сеизмолошка служба забележа 270 земјотреси во областа во последните десет години. Овој факт во голема мерка влијаеше врз дизајнерската насока на архитектите Ralph Germann Architects, кои работеа на оваа куќа наречена ROFR. Затоа, дизајнерите се определија за армирано-бетонска конструкција што служеше како рамка и почетна точка за обликување на целата архитектура на зградата.

svajcarija

Покрај тоа што може да се пофали со висококвалитетно и добро осмислено структурно склопување, како и зелен дизајн, оваа куќа има и прекрасен поглед кон планинското опкружување кое исто така било идеја водилка за дизајнот на зградата. Богатите погледи на околината се овозможуваат со големите распони и отвори во фасадата како резултат на системот за изградба на скелети.

На барање на клиентите, изграден е рамен покрив од 200 метри квадратни за да се обезбеди што е можно повеќе простор за поставување соларни панели. Вишокот на енергија може да се користи и за напојување на електричен автомобил.

svajcarija1

Сепак, тука не е крајот на импресивната техничка опрема. Домашното греење се врши преку геотермална енергија за да на еколошки начин се обезбеди топлина во студените зимски денови.

Куќата е организирана како збир на две станбени единици. Поголемата единица од 220 квадратни метри е сместена горе, додека другата двокатна единица е наредена како помал стан.

svajcarija2

Наместо класична гаража, постои отворена гаража преку која се поминува за да се влезе во куѓата.

Низ куќата се организираат многу функционални простори опремени со луксузни додатоци како винарска визба и специјална остава за сирење. Сепак, оваа куќа е во Швајцарија…

svajcarija4

svajcarija5

Испрати коментар

Scroll To Top