Општината Бутел и Заводот за рехабилитација на деца и младинци, по повод Денот на пролетта организираат еколошка акција насловена „Пријатели на природата“.
Акцијата има цел преку дополнителни активности да им помогне на децата и на младинците од заводот со умерени и тешки пречки во развојот да ги развиваат компетенциите за прифаќање на општествените правила и обврски.
Вчера тие го средуваа дворот на Заводот за рехабилитација, а утре ќе се чистат зелените површини во населбата Скопје Север.