Насловна / Вести / Минијатурен Микеланџело од 3Д печатач

Минијатурен Микеланџело од 3Д печатач

Во последниве години 3Д печатењето (донекаде) се спушти на земја, поблиску до нас. Примени на ова печатење има многу, а како напредува технологијата ќе има се повеќе. Лекција по минијатура неодамна одржа компанијата Exaddon при ETH Универзитетот во Цирих.

Со својот CERES 3D печатач „извајана“ е реплика на прочуената ренесансна скулптура „Давид“ на големиот Микеланџело. Интересна карактеристика се димензиите на репликата – „Давид“ е висок, се на се еден милиметар.

дав1_resize

реплика на „Давид“, висока еден милиметар

Излиен е со млаз на јонизиран течен бакар со многу бавно темпо – фемтолитар (илјада милијарди пати помалку од литар) по секунда. За модел со тежина два микрограма (милионити дел од грам), биле потребни 12 часа печатење, како што наведуваат истражувачите, нешто поедноставна реплика, со помалку детали, би била готова значително побрзо.

David by Michelangelo Florence Galleria dell'Accademia

скулптурта „Давид“, висока 517 сантиметри

Испрати коментар

Scroll To Top