Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Прв пасивен објект во Македонија

Прв пасивен објект во Македонија

pasiven_objekt_thumb.jpgОбјектот што е
изграден според
енергетска ефикасност
е во највисоката класа.
Значајно е тоа што
има највисока заштита
на влијанието врз
животната средина, со
многу мала емисија
на штетни гасови како
јаглероден диоксид.
Ваквите објекти се
вистински пример
за филозофијата на
одржлив развој,
намалување на
емисијата на штетни
гасови за спас
на планетата.
Затоа најчесто се
именувани како еко
куќи, зелени куќи и сл.

 

Зошто да градиме пасивни
куќи и објекти? Аргументите
во одговорот на ова прашање
се повеќезначни. Пред сè, да
ги споменеме биолошките
и здравствените предности.
Пасивните објекти со својот
комфор и удобност во текот на
сите годишни сезони обезбедуваат
удобна температура, свеж воздух со
изедначена и регулирана влажност,
како и висока заштита од врева
со што обезбедуваат квалитетен
и здрав животен простор. Свеж
воздух се обезбедува континуирано,
а влегува термички подготвен
преку топлински изменувач
воздух-земја.

 

Потрошениот се
исфрла по одземање на неговата
топлина над 70% преку рекуператор
при што не доаѓа до топлински
загуби. Оптималната влажност
на воздухот се регулира уште
при влегувањето на воздухот во
топлинскиот изменувач воздух-
земја, каде вишокот кондензира,
а другата воздушна влага која
се создава во просторот ја
акумулираат гипсените површини
во просторот. Се овозможува
изедначена температура во кој
било дел од просторот, со можност
за фина регулација, обезбедена
од добрата изолација (без
топлински загуби) и системите за
површинско греење (под и ѕид).
Висока звучна заштита и акустика
обезбедуваат применети системи
со камена волна кои покрај
термоизолациските својства
обезбедуваат и над 70 децибели
заштита однадвор, како и висока
заштита од ударен звук во
подот и помеѓу просторите во
преградните ѕидови и таваница.
Специјалните акустични
плочи Cleaneo истовремено
го прочистуваат воздухот од
настанати можни миризби.

pasiven_objekt_1.jpg 


ЕКОНОМСКИ ОПРАВДАНА
ИНВЕСТИЦИЈА

Според својата цена, пасивните
објекти се поскапи од 30% до 50% во зависност од функцијата
(станбен, деловен или др.). Но
во текот на експлотацијата овие
објекти имаат најбрзо враќање на
вложените средства, пред сè преку
потрошената енергија. Еве како
трошат објектите за 1 м2 годишно
само за греење на просторот:
неизолиран објект троши повеќе
од 300 kWh m2 год. (30 л. нафта
за греење); изолиран објект со
стандарди во регионот троши околу
180 kWh m2 год. (18 л. нафта);
пасивните за греење трошат до 15
kWh m2 годишно (1,5 л. нафта).
Пасивниот објект троши 20 пати
помалку од неизолираниот, 12
пати помалку од стандардните.

Ако ја додадеме и потрошената
енергија за ладење и
вентилирање многу лесно ќе
добиеме износ на потрошени
пари и период на враќање на
вложеното. Од економската
анализа за оправданоста на
инвестицијата за нашиот објект
која ја направивме, добивме дека
вложените средства се враќаат
за 4,3, односно за помалку
од 5 години. Во пресметките
калкулиравме со сегашната цена
на енергијата, а сите знаеме
дека во наредните 5 години таа
значително ќе се зголемува.

pasiven_objekt_2.jpg 

ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВ
ПРОЕКТ

 

Со оглед на многу малата
потрошена енергија за одржување,
овие објекти имаат најмала можна
емисија на штетни гасови како СО2.
Енергијата што ја користат е од
нивната околина, и тоа претежно
пасивно користење на сончева
енергија која е обновлива. Посебно
се внимава да биде потрошено што
помалку енергија за производство
и транспорт на сите материјали кои
се вградуват во овие објекти. Овие
објекти се вистински пример за
филозофијата на одржлив развој,
намалување на емисијата на штетни
гасови за спас на планетата. Затоа
најчесто се именувани како ЕКО
КУЌИ, ЗЕЛЕНИ КУЌИ и слично.

pasiven_objekt_3.jpg 

АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА
„ЕКСПРО“ СТРУМИЦА

 

Објектот што го изградивме според
енергетска ефикасност е во
највисоката енергетска ефикасна
класа. Значајно е тоа што има
највисока заштита на влијанието
врз животната средина, со многу
мала емисија на штетни гасови
како јаглероден диоксид (СО2).
Класата пасивен го карактеризира
со највисока термичка заштита,
со многу изолација, без линиски и
точкасти топлински мостови, форма
и ориентација која обезбедува
најмалку можни топлински загуби
и топлински добивки. Енергијата
што ја користи е претежно сончева
енергија акумулирана од околината
во земјата.

Објектот е проектиран и
изграден според високите технички
барања и стандарди за енергетска
ефикасност почнувајќи од формата
на објектот, ориентацијата,
термичката заштита на обвивката,
количината на отвори и други
стаклени делови да обезбедат
минимални загуби на енергија (како
и добивки во летниот период).
Обвивката на објектот со
применетите градежни системи
обезбедува висока термичка
заштита и ги задоволуваат
вредностите на коефициентите
за пасивни објекти:

Надворешните ѕидови се
проектирани и изведени од дрвна
конструкција С24 со исполна од
камена волна со густина од 50 кг/м3
и двослојна дебелина 10 см + 8 см.
Внатрешната страна се состои
од KNAUF ѕидна облога на
дрвена конструкција со исполна
од камена волна со густина
50 кг/м3 а дебелина 8 см со
парна брана и двојно обложена
противпожарна гипс плоча.
Од надворешната страна
е поставена пародифузна
фолија и облога од КNAUF гипс
фазер градежна плоча 1,5 см
и KNAUF Аквапанел цементна
плоча. Фасадата е од камена
волна со густина 90 кг/м3
изведена во два система.
Поголем дел е контактна фасада
KNAUF INSULATION со систем
ламела дебелина 12 см,
и помал дел вентилирана
фасада KNAUF INSULATION
со дебелина 8 см.

Вкупната
изолација во надворешен ѕид
е со дебелина од 38 см.
Покривот е изведен на принцип со
добро вентилирана конструкција.
Тој се состои од челични носачи врз
кои е поставена дрвена конструкција
од 14 см со исполна изолација од
камена волна 50 кг/м3, во двослојна
дебелина од 14 см и плус 8 см преку
која е поставена водонепропустлива
пародифузна фолија. Над неа има
дрвена кострукција 2 х 8 см со што
се обезбедува добро вентилирање.
Од внатрешна страна покривот е
обложен со Кнауф противпожарна
облога на дрвена конструкција и
исполна од камена волна со густина
50кг/м3 во дебелина од 20 см.
Таваницата е изведена со
специјална KNAUF Cleaneo
акустична плоча која го прочистува
воздухот од создадените
миризби (како лак од мебел,
чад и други миризби). Вкупната
изолација во покривот и таванот
е со дебелина од 42 см.
Тлото на терен е изведено над
темелните греди со поставена
двослојна изолација ХРЅ со
дебелина од 12 см. Над неа се
наоѓа бетонска плоча од 10 см
преку која е поставена камена
волна со густина 150 кг/м3
и дебелина 10 см, со парна
брана врз која е лиена кошулка
фибро бетон 5см.

Пред лиење
на завршна течна KNAUF
Fliessestrich FE-50 кошулка
е поставена камена волна со
густина 150 кг/м3 и дебелина 3 см.
Под течната кошулка е поставен
Рехау систем на подно греење и
ладење. Вкупната изолација во
тлото е со дебелина од 25 см.
Столаријата на објектот помеѓу
греан и негреан простор не
надминува 15% од вкупната
површина на обвивката, а е
изведена со примена на REHAU
Geneo прозорска и фасадна
техника, застаклен со тројно
стакло и исполна од аргон.
Со примена на овие градежни
системи кои обезбедуваат висока
термичка заштита, се проектирани
и инсталирани системи за греење,
ладење и вентилирање без
кои не можеме да обезбедиме
рационално и економично
користење на енергијата.

 
pasiven_objekt_4.jpg


ПРИМЕНЕТИ СИСТЕМИ
НА REHAU

 

REHAU AWADUKT Thermo –
топлоизменувач воздух-земја,
систем од цевки обложени со
сребрен филм кој обезбедува
заштита од бактерии и габички,
поставени во земја на длабочина
од 2,5 м во должина од 196 м
низ кои ги внесуваме потребните
количини свеж воздух, а од земјата
обезбедуваме термички добивки.
REHAU AQUA – топлинска пумпа
вода-вода за греење и ладење
со највисока ефикасност на
искористување на топлината
од земјата, проектирана и
инсталирана според специфичноста
на нашиот објект во кој имаме
поголеми потреби за ладење.
REHAU системи на површинско
греење и пасивно ладење –
инсталирани се два системи
подни и ѕидни, со што ги
задоволуваме потребите од
греење, а ги дополнуваме и
потребите за ладење на објектот.

REHAU Автоматика за рационално
користење на системите и
приспособување на потребите за
удобно живеење во просторот.
REHAU SOLECT – соларен систем
за санитарна топла вода со
висок степен на искористеност
на сончева енергија.
REHAU RAUTITAN – инсталација
за питка вода со висок проток
и голема сигурност.
REHAU PIANO PLUS – инсталација
за одвод со карактеристики
на бесшумност.

 

Системот за вентилирање го
помага грењето. Тој се состои од
клима-комора, воздухот го зема
инсталацијата AWADUKT Thermo
каде претходно е термички
подготвен, а по потреба го
догрева од топлинската пумпа,
па го распоредува во објектот
со инсталирани вентилациски
канали за довод. Потрошениот
воздух по канали за одвод го
вади од просториите. Но пред да
го исфрли воздухот надвор со
рекуператор му ја одзема топлината
и пак ја враќа во објектот.
Ладењето и вентилирањето на
објектот во летниот режим на
користење покрај пасивното (подно
и ѕидно) го користи AWADUKT
Thermo. Систем со цевки низ кои
поминува прочистен свеж воздух
кој се лади од земјата (во лето
е 14 до16о С) влегува во клима
комората каде по потреба се
доладува од топлинската пумпа и
по вентилациски канали ќе биде
внесен и воден во просторите на
објектот свеж со измена n=0,5.
Греењето на објектот го помагаме и
со инсталиран ѕид т.н. ТРОМБЕОВ
ЅИД кој е систем од масивен, црно-
обоен бетонски ѕид, пред кој има
стаклена површина која ја пропушта
сончевата светлина, а топлината
ја акумулира масивниот ѕид и по
канали создадената топлина ја
распоредуваме во објектот.
Електричното осветлување
во објектот во најголем дел се
светилки од LED диоди, кои се
најмали потрошувачи на енергија.

Обезбедената максимална
топлинска заштита и применетите
инсталации и опрема за пасивно
греење и ладење, со мерењата
добивме потрошувачка на примарна
енергија за греење помала од 15
kWh/m2 годишно.

Вкупните потреби
за енергија за ладење, вентилирање,
греење санитарна топла вода,
осветлување и др. се проектирани
според највисоките барања за
оваа класа, а ќе ги потврдиме и
со мерењето кое го вршиме.
Инсталиран е комплетен мониторинг
систем, опрема преку која ја мериме
и следиме потрошената енергија,
надворешната температура,
внатрешната во просториите,
создадената температура во
Тромбеовиот ѕид, влажноста на
воздухот, квалитетот на воздухот.
Со тоа ќе можеме комплетно
и постојано да ги следиме,
анализираме и проучуваме ефектите
од сите инсталирани системи.

 
pasiven_objekt_5.jpg

Славчо ЃОРГИЕВ

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top