Насловна / Вести / Најпознат парк на лалиња во светот

Најпознат парк на лалиња во светот

Кеукенхоф е најпознат парк на лалиња во светот во кој растат преку седум милиони цветови и ретки хибриди.

1_resize

Сместен е речиси на самиот брег, помеѓу Амстердам и Хаг во малото градче Лесе. Завзема површина од 32 хектара и се прелива во сите замисливи и незамисливи бои. Целата убавина на амбиентот ја дополнуваат старите, многувековни стебла, живописните канали, водопади и фонтани.

7_resize

9_resize

Паркот е основан во 1949. година и набрзо станал цветен рај на Холандија и омилено место за уживање на  кралското семејство, но и странците.

3_resize

Нераскинливо е поврзан со името на грофицата Ван Бајден. Во 15 век тука се наоѓал нејзиниот имот на кој одгледувала зачински растенија за дворската кујна.

Инаку, лалињата стигнале во Холандија од Отоманското царство во тек на 16 век. Подоцна во 1857. година во Холандија е донесено решение за надгледување на трговијата со цвеќе. Почнале наменски да се одгледуваат не само лалиња, туку и нарциси, фрезии, хијацинти и други цвеќиња. Создадени се илјадници цветни орнаменти, кои подоцна послужиле за содавање величенствени паркови, а резаното цвеќе почнало да се извезува.

8_resize

Паркот Кеукенхоф секоја година одново тематски се уредува, но без оглед на темата, доколку се најдете во овој парк, пред вас ќе биде величествен цветен призор.

6_resize

Престојот во овој парк претставува вистинско доживување за посетителите на секоја возраст. Ова живописно место отворено е само осум недели годишно, оваа година тоа ќе биде од 21 март до 10 мај, а во тој период го посетуваат околу 800.000 посетители. Без сомнеж Кеукенхоф е најдобро место за уживање во холандските лалиња.

20_resize

5_resize

11_resize

12_resize

17_resize

18_resize

10_resize

22_resize

21_resize

24_resize

15_resize

13_resize

2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top