Насловна / Вести / Нема Панорамско тркало, но има мост чие уривање би чинело исто колку и неговото завршување

Нема Панорамско тркало, но има мост чие уривање би чинело исто колку и неговото завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, соопшти дека се отстранети фундаментите за Панорамското тркало од Вардар.

„Тргнати се фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар е чисто и проточно. Мостот ќе биде целосно готов и пуштен во употреба за два месеци. Остануваат уште да се постават пристапни рампи и некои ситни зафати“, вели Шилегов.

Целосно е исчистено коритото на реката од бетонските столбови на кои требаше да стои панорамското тркало на пролет ќе биде готов пешачкиот мост,што не води никаде, но нема да бил во барок. Мостот е наследен од претходното градско раководство како дел на проектот „Скопје 2014“.

most_resize

Градоначалникот Шилегов во април 2018 најави дека одлучиле мостот од проектот „Скопје 2014“ да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало за онолку пари колку би чинело неговото уривање и да биде пешачки премин. Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнаа договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договор, односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра исто онолку колку би чинело неговото уривање. Претходно, на изведувачот му беа исплатени 10 милиони евра.

пан2_resize

„Донесовме одлука да се догради пешачкиот мост. Наместо бараните 7 милиони евра ќе платиме 3,1 милиони евра. Уривањето онака како што е сегашната позиција на мостот заедно со заостанатите плаќања и обврските кон германските партнери кои требало да го градат тркалото би нè чинело 3 милиони евра. Успеавме за истата цена да договориме тој да се догради. Коритото на реката Вардар повторно ќе стане безбеден бидејќи нема да има фундаменти во него. Мислам дека оваа варијанта е добра за граѓаните“, изјави  градоначалникот Шилегов во април 2018 година.

Испрати коментар

Scroll To Top