Изградбата на се поголем број на хидроцентрали во југоисточна Европа, би можела да предизвика непроценливи штети по глобално важните точки на биолошката разновидност, предупредуваат стручњаците во меѓународно научно списание. Анализата објавена во списанието Renewable and Sustainable Energy Reviews, е фокусирана на реките од Дунавскиот слив во Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Долж овие реки се наоѓаат дури 636 хидроцентрали, а во план е изградба на уште двојно поголема бројка, додека станиците за следење на биодиверзитетот се ретки, па тешко е да се следи попрецизно влијанието на хидроцентралите врз речниот ток и живиот свет, но неспорно е дека тоа е сериозно. Авторите на текстот се тројца научници, од кои двајца од Германија и еден од Хрватска.
Од вкупниот број на хидроцентрали, 42 се големи хидроцентрали кои располагаат со 94% од вкупниот инсталиран капцитет, 72 се со средна моќност и дури 522 се мали хидроцентрали. Малите хидроцентрали учестуват со вкупно 2% во производството на електрична енергија, а нивниот број е нагло зглемен насекаде во регионот по 2000 година.