Насловна / Архитектура / Споени кули кои претставуваат оган

Споени кули кои претставуваат оган

Бирото РMJM, проектант на највисокиот облакодер во Европа во моментов, „Лахта-центр“ во Санкт Петербург во Русија, неодамна е избрано да изработи необичен проект во Xiangjiang во Кина.

Две свиткани кули се спојуваат по висина во средината, издигнувајќи се до 177 метри височина. Проектот наречен  „Xiangjiang Gate“ е избран на архитектонски конкурс. Кога ќе се реализира, ќе служи и како споменик со платформа за панорамско разгледување и туристички информативен центар.

р3_resize

Концептот кој стои позади проектот произлегува од историјата на градот, велат од  РMJM, од горе, централните кули на зградата изгледаат како тесен проток на вода што минува низ две парчиња земја. И додаваат дека одава почит на географската положба на градот, но и на неговиот дух на конвергенција.  Xiangjiang e град во кој взаемно се доближуваат старото и новото, културно – историското наследство и современоста.

Споените кули претставуваат оган. Xiangjiang е град со древна историја. Во религиозната традиција се вели дека Xiangjiang прв носел ознака на Zhu Rong, Бог на огнот и југот, чија приказна е содржана во „Shan Hai Jing – Great Wild West”.

Гледано наопаку, зградата наликува гуска која лета на небото. Во древната кинеска поезија, Xiangjiang бил зимско прибежиште на дивите гуски кои бегале од студот на северот, па така и го добил прекарот „Град дива гуска“. Традиционално, дивата гуска укажува на сезонска промена, но исто така носи порака од далеку за љубов.

r1_resize

Архитектите од бирото РMJM се определиле да го преиспитаат „одржливиот“ архитектонски дизајн од посеопфатна перспектива, наместо да се потпираат само на изградба на простори што ги бараат градските згради, а што ќе влијае на архитектонскиот дизајн, околината и жителите. Проектот опфаќа локално опкружување и формира интеракција помеѓу технологијата, климата, градежните материјали и човековото однесување. Архитектите ја замислиле фасадата како прозорец на културата на Xiangjiang, таа зрачи светлина, бои и сенки на годишните времиња.

р2_resize

Проектантите велат:„Врската помеѓу архитектурата и околината отсекогаш била комплексна. За да постигнеме хармонија помеѓу двете, ние, во РМЈМ, користиме климатски статистики и инженерски параметри за да ги проучуваме најсоодветните форми при проектирањето и да можеме да ги оформиме најдобрите и најсоодветните архитектонски облици под посебни услови на животната средина“.

Сеуште нема многу детали за овој проект кој е во рана фаза, не се знае ни крајниот рок за изградба на објектот. Меѓутоа, Global Construction Review известува дека кулите се дел од поширок проект, кој ќе вклучува изградба на деловен и станбен простор, забавен парк и комерцијални содржини.

Испрати коментар

Scroll To Top