Насловна / Вести / Иницијатива за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата кај „Треска“

Иницијатива за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата кај „Треска“

Денеска во архивата на Општина Центар доставена е граѓанска иницијатива  за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата на фабрика „Треска“. Во продолжение ви го пренесуваме текстот на иницијативата во целост

ДО

ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

-Председател на Совет на Општина Центар-Скопје

Јана Белчева Андреевска

-Градоначалник на Општина Центар-Скопје

Саша Богдановиќ

ул.„Михаил Цоков“ бр.1

С К О П Ј Е

C:Usersdamjan.cingarski.OPSTINACENTARDocumentsdigitalni izgo

Врз основ на член 25 став 1 и член 26 став 1 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/2002) и член 74 став 1 и 2, член 75 став 1, 2 и 3 од Законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните (Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2005). Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.195/2005 од 21 и 22 декември 2005 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр.3/2006), ја поднесуваме следната:

 Г Р А Ѓ А Н С К А    И Н И Ц И Ј А Т И В А

за распишување Архитектонско урбанистички конкурс за локацијата на фабрика „Треска“

Согласно закон, Советот на Општината  помеѓу останатите прашања се грижи и за третманот на просторот во урбанистичките планови и планската документација односно одлучува преку кои локални политики ќе го подобри квалитетот на животот во општината. Општината Центар-Скопје ја има привилегијата и одговорноста на управување со центарот на државата и се очекува да предлага софистицирани идеи усмерени на идентитетски прашања кои ќе преставуваат потик и пример за сите останати општини. При тоа односот кон референтните простори на територијата на општината, а особено кон оние со меморија како што е локацијата на фабрика „Треска“, подразбира синергија со високо професионални личности од сферата на обликување на просторот. Во Општината Центар-Скопје во тек се процесите на одбир на приоритетите за реализација на урбанистичките планови, па таа суптилна тема се актуелизира. Деликатноста на овој простор што го сочинуваат повеќе катастарски / градежни / урбанистички парцели има повеќе димензии (имотно-правна, економско-социјална, политичка и др.) Редоследот и темпото на нејзиното разрешување мора да бидат професионално уредени, мора да одат во склад со јавниот интерес, со спецификите на временскиот контекст, со новосоздадените потреби…

Ние, граѓаните, организирани во различни заедници, колективитети, невладини организации (Здравје пред профит во Центар, О2 коалиција, Транспарентност Македонија) како и на индивидуално ниво, професионалци и експерти за овие теми, а од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, институции, факултети и др, стоиме зад изнесеното. Граѓанскава иницијатива ја поднесуваме со верба во создавање на нова урбанистичка визија за локацијата на фабрика „Треска“ што конкретно подразбира предвидување, организација и спроведување на архитектонско урбанистички конкурс со соодветна програмска задача.  Нашето длабоко уверување во успехот на институцијата конкурс е неприкосновено, а аргументацијата на конкурсот како компетитивен демократски процес е проверена. Таквиот потез индицира разумно делување, представува гарант за побогата идејност и очигледна предност, а што е особено важно, позитивно ќе го одбележи времето што го живееме.

Врз основ на сето погоре изнесено, се очекува делување на Градоначалникот на Општината Центар-Скопје односно се побарува од Советот на Општина Центар-Скопје, согласно неговите законски овластувања, да донесе акт по однос на оваа иницијатива. Исто така, во рок од три дена се очекува Претседателот на Советот на Општина Центар-Скопје да не извести за ставот/заклучокот/одлуката на Советот по однос на темата на оваа иницијатива.

Скопје,   17    јануари,      2020 година

Овластен предлагач на Граѓанската иницијатива

Даница Павловска, диа

cigi1

cigi3

Испрати коментар

Scroll To Top