Насловна / Арт и дизајн / Изложбата на Марина Абрамовиќ во Белград привлекла 62.000 посетители

Изложбата на Марина Абрамовиќ во Белград привлекла 62.000 посетители

Марина Абрамовиќ и нејзината ретроспективна изложба „Чистач” привлекла 62.000 посетители од 21. септември, кога е отворена поставката во Музејот на современа уметност во Белград (МСУ),  па до завчера. А како што вели Слободан Накарада, в.д. директорот на музејот, неговите очекувања се дека во текот на наредната недела, пероиод кој е преостанат до затварање на изложбата на 20. јануари, тој број ќе се зголеми на околу 70.000 и додаде дека последниве денови низ музејот поминуваат 1.500 посетители дневно.

мар1_resize

Тој исто така најави дека последниот ден на изложбата „Чистач“ ќе биде бесплатен, како и дека тој ден музејот ќе работи до 22 часот. Накарада на конференцијата за печат изјави дека покрај најавениот перформанс за тој ден ќе бидат додадени уште два – „Однос во времето“(Relation in time) од 17 до 20 часот и „Уметноста мора да биде убава“ (Art must be beautiful) од 18 до 19 часот.

Според оценка на директорот, изложбата „Чистач“ поминала повеќе од успешно.

мар2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top