Насловна / Вести / Венеција – каналите скоро пресушени, а гондолите насукани (видео)

Венеција – каналите скоро пресушени, а гондолите насукани (видео)

Два месеца поминаа од обилните дождови и високиот водостој кои ја погодија Венеција. Сега, каналите по кои возат гондолите се скоро пресушени.

ven2_resize

Поради драстичниот пад на нивото на водата во Венеција, гондолите се скоро насукани, каналите личат на калливи ровови, а саобраќајот е пореметен.

Венеција во ноември 2019. година се соочи со најголем водостој во последниот половина век, а експертите ова го сметаат за директна последица на климатските промени.

Еден од симболите на градот, Плоштадот Свети Марко, беше потполно полавен, водата навлезе и во Дуждевата палата, а многу трговци беа приморани да ги затворат своите дуќани. Повеќе од третина од градот беше под вода, а штета е проценета на повеќе од милијарда евра.

ven1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top